ВИДЕО: Чудата навистина постојат - ова бебе е доказ за тоа
Мајката на Џунипер Френч ја раскажува нивната приказна и тригодишната борба по раѓањето на нејзината ќеркичка.
Малото девојче се родило на шестиот ден од 23 недела од бременоста, а бебињата родени со неполни 24 недели немаат никакви шанси да преживеат.
Ќеркичката се родила со тежина од само 570 грама, и докторите не давале никаква надеж дека таа ќе преживее, но ова мало бебенце имало огромна желба за живот.
Можеби ќе си помислите дека еден ден не значи многу, но во развојот на еден нов живот, тоа вреди колку цела година.
Утре Џунипер ќе наполни три години и таа е навистина доказ дека чудата постојат насекаде околу нас.
Погледнете ја нејзината животна приказна, прераскажана од нејзините родители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа