Енергетските проекти повторно меѓу приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ

 

Во програмата “Проверено“ ,енергетиката останува еден од носечките столбови на стратегиски развој на македонската економија, рече денеска кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

Битола, како што рече Илиоски, во овој дел има многу важно место и според значењето во енергетската стабилност на државата  и според финансиската тежина на буџетите предвидени за овие старешки важни и големи проекти.

Енергетските проекти се поместени на петнаесетина страници во Програмата, рече Илиоски и додаде дека за нив се предвидени стотици милиони евра:

- 30  милиони евра за ревитализација и модернизација на ТЕЦ Битола.

- 96 милиони евра за рудникот за јаглен Живојно и Подинската јагленова серија во Суводол.

- 2 милиони и 400 илјади евра за двосистемски далновод Битола 3 и Битола 4

- 43 милиони и 500 илјади евра за  интерконективен далновод Битола-Елбасан.

- 67 милиони евра за проектот Топлификација на Битола, Могила и Новаци .

- 28 милиони и 500 илјади евра за реконструкција на 8 далноводи постари од 40 години меѓу кои се и далноводите Осломеј-Сопотница и Сопотница-Битола .

-Ова се скапи, комплексни и многу важни проекти кои освен што ќе го подобрат квалитетот  на живот  на граѓаните и ќе ја потикнат економијата и развојот на целиот регион, ќе обезбедат и долгорочна енергетска стабилност на Република Македонија. Проектите на ВМРО-ДПМНЕ се проекти со визија , до детал испланирани и до денар пресметани. Затоа ве повикуваме в недела сите масовно да излеземе и да го дадеме гласот за нашата заедничка визија за уште попросперитетна Македонија преку масовна, силна и јасна поддршка на Ѓорге Иванов за претседател на Република Македонија. Заокружете број 1 затоа што „Државата ни е пред се’“, рече Илиоски на денешната прес-конференција.

11.04.2014 - 16:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега