ВМРО-ДПМНЕ со уште еден проект за младите - ќе покриваат трошоци за отворање бизнис

 

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица, Никола Тодоров, денеска во Штип промовираше нов проект од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

- Станува збор за субвенционирање на трошоци за основање и за отпочнување бизнис на лица до 30 години, односно можност при основање фирма да се покријат 50 отсто од трошоците доколку фирмата е основана од лице до 30 години, а трошоците коишто се покриваат може да бидат за правење веб-страница, за набавка на алат или за други трошоци кои се докажани, кои се во функција на подобрување, односно на развивање на бизнисот што се започнува. Идејата е да помогнеме младите луѓе со претприемачки дух да можат да основаат свој бизнис и на тој начин практично да се вклучат во проектот за самовработување, рече Тодоров на средбите со граѓаните, на кои беше придружуван од кандидатите за пратеници од Штип, Никола Мицевски, Трајче Димков и Снежана Санева.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, потсети ТОдоров, вечерва со почеток во 18 часот ќе го одржат централниот и завршен митинг за првиот круг на претседателските избори.

- Очекуваме повторно да се претстават нашите проекти, нашата програма, програмата на Претседателот, сегашен и иден Ѓорге Иванов. Она што можам да констатираме е дека гледам многу позитивна атмосфера во Штип, кој одлично се развива и на економски план преку отворањето на новите фабрики и со отворањето на Универзитетот, но и на планот на здравството со најавата за отпочнување зградба на новата Клиничка болница, рече Тодоров.

Според Тодоров, кој еносител на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кампањата се одвивала во фер и демократска атмосфера. 

11.04.2014 - 15:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега