Почина малиот Милош кој го дигна Балканот на нозе

6- годишниот Милош Марков од Зрењенин, почина утрово во болницата во Нови сад. Малиот Милош боледуваше од леукемија, детето ќе биде погребано денес во 15 часот на Градските гробишта.

Поради подготовките за трансплатација на коскената срж, на Милош му била итна финасиска помош, па неговите сограѓани и другари орагнизираа хуманитарен концерт и танц за да ги соберат потребните пари за неговото лечење.

- Драги пријатели, мојот голем борец Милош ја изгуби битката. Почина во новосадската болница. Почивај во мир сине, напишал таткото на Милош, Саша Марков

 

 

11.04.2014 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа