Во Штип утре ќе гласаат 86 болни и изнемоштени лица и осудениците во Затвор Штип

 

Во Општина Штип утре ќе гласаат 86 болни и изнемоштени лица, а избирачкото место во Затвор Штип, каде ќе можат да гласаат осудениците ќе биде отворено од 7 часот до 19 часот.

Заменик претседателот на Општинската изборна комисија(ОИК)-Штип, Маре Каранакова вели дека согласно законските прописи со уредна медицинска документација прифатени се 86 барања за гласање на болни и изнемоштени лица, а останатите 169 лица немале доставена уредна документација. Овие лица своето право на глас ќе го остварат на 13-ти април.

Каранакова вели дека членовите на избирачките одбори веќе се известуваат и Општинската изборна комисија е подготвена за денот на изборите.

-Треба да напоменам дека избирачите од избирачкото место 2260 ќе гласаат во Стариот пензионерски дом, а жителите од селото Судиќ, кои на избирачкиот список се помалку од десет лица своето право на глас ќе го искористат на избирачкото место во село Врсаково, вели Каранакова.

Во Штип право на глас имаат 39.903 избирачи, а на списокот на иселеници кои правото на глас можат да го искористат во своите избирачки места се регистрирани 1.796 лица.

Во источна Македонија во вкупно 13 општини има 373 избирачки места на кои 162.403 гласачи ќе можат да гласаат на 13 - ти април, а на избирачките списоци за иселениците со право на глас се 8.818 избирачи. 

11.04.2014 - 14:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега