Фатална грешка на полицијата - наместо напаѓачот го убиле заложникот

 

Трагедија се случила во САД. Полицјата добила повик дека  некој непознат човек со секира се заканува на луѓе. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и почнале да тропаат по вратата од станот на 27- годишниот Александар Мекдоналд кој како заложници ги држел Џон Винклер и уште двајца мажи. Винклер го искористил моментот кога полицијата тропала на вратата за да побегне до станот. Отакако ја отворил вратата почнал да трча, а полцијата веднаш почнала да пука и го застрелала 4 пати. Полицијата изреагирала така бидејќи 30- годишниот Џон Винклер одговарал на описот на напаѓачот.

30- годишниот Џон Винклер починал во болницата во Лос Анџелес

- "Вратата одненадеж се отвори и човек со крв на вратот почна да бега", изјавил шерифот Џон Скот и додал дека целиот полициски оддел тагува поради убиството на невина личност. "Тоа е најголем кошмар на секој полицаец", изјавил Скот.

 

11.04.2014 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега