Ставрески: Огромен интерес кај граѓаните за отпис на долговите

 

Отписот на долговите предизвика огромен интерес кај граѓаните. Секаде каде што одиме приоѓаат, се распрашуваат, сакаат да знаат повеќе детали за мерката, изјави носителот на листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 5 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Зоран Ставрески.  

- Отписот на долгови се однесува на најсиромашните категории граѓани, примателите на социјална помош, семејствата каде што има по двајца невработени или ако е сам, ако живее сам тогаш еден невработен којшто е подолго од 12 месеци невработен, како и семејствата во коишто поради смрт или тешка повреда или болест се променила материјалната состојба и не можат да ги отплаќаат обврските. Ќе бидат отпишани и долгови за струја подолго од 12 месеци тие што се неплатени, а тие што се пократко од 12 месеци ќе се договори репрограм до осум години да се плаќаат, рече Ставрески.

Ќе бидат, објасни Ставрески, отпишани и долгови кон банките за тековни сметки, потрошувачки кредити и кредитни картички и ќе бидат отпишани долгови за радиодифузна такса и за парно.

- Со даночен кредит, односно ослободување на економските субјекти од плаќање данок државата ќе им помогне на овие најранливи категории граѓани кои беа погодени од овие години на криза да ја надминат состојбата, да куртулат од извршителите и да имаат подобри можности и подобра состојба во однос на плаќањето на идните обврски, истакна Ставрески. 

11.04.2014 - 13:34
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега