ВИДЕО: Селма од Босна ја освои Германија

 Четиринаесетгодишната Селма Тотиќ ја освои Германија и жирито во третата емисија на германската верзија на шоуто „The Voice Kids“.

Таа за аудицијата одбра да ја испее песната „River“ на Емели Санде, со која си обезбеди понатамошен настап во шоуто.

Своето менторство и го понудија двајца од тројцата судии, а таа за менторката ја избра Лена Мејер-Лендрут, поранешната претставничка на Германија на Евровизија, која дури и успеа да се расплаче.

По настапот германските медиуми не престана да пишуваат за Селма и веќе ја викаат „новата Лена“.

- Лена за Селма рече дека е комплетна личност. Убаво, мило дете со кое може лесно да се работи. Многу сум горд на нејзините досегашни успеси. Селма е предодредена за музика. Како мала почна прво да пее, па потоа да зборува. Многу е талентирана и е добар ученик, изјави нејзиниот татко Џенад за сараевскиот весник „Аваз“.

Џенад Тотиќ потекнува од српскиот град Пријепоље, а неговата сопруга и мајка на Селма од Босански Брод во БиХ.

11.04.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега