ВИДЕО: Потврдено - Исус бил женет!
Научници потврдија дека документот во која се споменува постоење на „сопруга на Исус“ не е фалсификат, објави магазинот „Харвард Теолоџикал Ривју“.
Станува збор за дел од египетскиот документ, претставен на јавноста во 2012 година, кој е напишан на древен коптски јазик. Во него се споменува дека Исус Христос бил женет, поради што Католичката црква веднаш ја оспори веродостојноста на документот.
Од моментот кога професроката од „Харвард“, Карен Л. Кинг и го претстави на јавноста тој фрагмент, се чекапе потврда дали контраверзниот текст е дело на современи фалсификатори, наведува магазинот.
Сепак, научниците по тестирањето потврдија дека документот настанал во Египет во осмиот век. Тестовите на мастилото потврдиле дека неговиот хемиски состав е идентичен на мастилата што се користеле во Египет во тој период. Со микроскопски преглед е утврдено дека нема на долументот сомнителни елементи од мастило.
- Се надевам дека сега можеме да го префрлиме прашањето од темата за фалсификување на темата за значењето на овој фрагмент за историјата на Христијанството. Време е да размислите за прашањето дали Усус навистина бил оженет и зошто таа можност предизвикува таква неверојатна реакција кај луѓето, изјави Кинг.
Таа никогаш не тврдела дека овој документ е доказ оти Исус навистина бил оженет, пишува „Тајм“.
Според весникот, автентичноста на овој фрагмент само ни кажува дека некогаш постоела барем една заедница на христијански верници, кои верувале дека Исус имала сопруга и тоа го забележале во своите записи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа