Нов тренд во кафулињата: „Не сакам ништо“ - чини половина евро

Нов трен на Балканот. Во Подгорица во кафулето „Абрако“ се наплаќа ако на келнерот му речете дека не сакате ништо, тоа чини половина евро. Во регистарот под шифра 119 го вметнале „не сакам ништо“, сакајќи да останат во законски рамки и на државата да и’ платат данок, во локалот се одлучиле и чаша вода од чешма да наплаќаат по 50 центи.

Ова е последица на метежот што средношколците секојдневно го прават, бидејќи е веднаш до училиштето. 

Вработените од ова кафуле велат дека учениците кај нив се чувствуваат како дома и често си носат храна и пијалок со себе.

Од воведувањето на новите „услуги“ во кафулето, сега веќе многу ретко учениците нарачуваат „не сакам ништо“.

 

11.04.2014 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа