Путин му пиша на Груевски

Рускиот претседател Владимир Путин испрати писмо до 18 европски лидери со кое ја предупредува Европа дека може да дојде до стопирање на дистрибуцијата на руски гас за европските земји, доколку Украина не и го исплати на Русија долгот за енергенсот, пишува „Росијскаја газета“, пренесува МИА.

Според весникот, писмото било адресирано до лидерите на Македонија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Молдавија, Романија, Полска, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка. 

Во писмото до европските лидери Путин нагласува дека Украина и должи на Русија 17 милијарди долари, бидејќи повеќе не важат одредени отстапки, како и 18,4 милијарди долари, кои Киев треба да ги плати на име санкции за некористење на мининалното годишно количество гас, согласно договорот од 2009 година. 

Путин нагласува дека на тој начин Русија изминатите четири години ја субвенционирала украинската економија на сметка на намалување на центата на гасот. Освен тоа во декември минатата година Русија и достави на Украина кредит во износ од три милијарди американски долари. 

Рускиот претседател ги повика Русија и европските корисници на руски гас да ги разгледаат прашањата содржани во писмото.

11.04.2014 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа