Последен ден кампања: Иванов во Штип - Пендаровски во Битола
Политичките партии денеска ја продолжуваат претседателската и кампањата за предвремените парламентарни избори.
Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов ќе одржи митинг во Штип, а претходно средба со граѓаните во скопската населба Железара.
Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски ќе одржи завршен митинг во Битола, а претходно средби со граѓани во Сопотница, Демир Хисар, Суводол, Могила, Добрушево, Далбеговци, Новаци, Избишта, Јанковец и во Ресен.
Кандидатот за претседател на ГРОМ Зоран Поповски ќе одржи средби со граѓани во Гостивар и во Тетово, а завршниот митинг ќе биде во спортската сала „Форца“ во Скопје.
ДУИ ќе одржи митинзи за парламентарните избори во Струга и во Охрид, а ДПА ќе има митинзи во Слупчане и во Скопје
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа