Хорор на бензинска пумпа- го врзал работникот на автомобилот и го влечел по автопат

Неименуван работник (32) на бензинската пумпа Слап, е повреден утрнава околу 2.35 минути кога засега непознат возач, почнал да го влече со автомобилот по бензинската пумпа до крајот на улицата.

Наводно возачот одбил да плати за горивото кое му го наточил работникот и тука започнала расправија.

Во тој момент возачот го врзал работникот на автомобилот и почнал да го влече по автопатот при што работникот се здобил со повреди на кукот и главата и веднаш бил префрлен во најблиската болница.

10.04.2014 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа