Си ги оставила бебињата сами во автомобил и отишла на интервју за работа
Санеша Тејлор е самохрана мајка која си ги оставила двете деца сами во автомобил, без да го изгасне, и отишла на интервју за работа.
Случајните минувачи слушнале како нејизните дечиња од кои едното има две години а другото шест месеци плачат и викаат во автомобилот. Тие веднаш повикале полиција, по што несовесната мајка била уапсена.
Санеша во своја одбрана вели дека како самохрана мајка морала да најде работа, а бидејќи не се нашол никој кој може да и ги причува дечињата, морала да ги остави во автомобилот.
Сепак, граѓаните и даваат поддршка на Санеша велејќи дека секој може да згреши и дека разбираат како е да се грижиш сам за две деца.
- Никој не треба да биде казнет бидејќи го направил најдоброто што можел во шешка ситуација, вели една Американка.
Засега, децата се одземени од Тенеша и се чека на судењето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа