ВИДЕО: Градежни работници рачно „пресекле“ зграда на два дела

Експертите за демолирање  во кинескиот град Шенјанг, сосема прецизно срушија зграда на половина, а снимката од нивната контролирана експлозија стана вирална. 

Градежните работници рачно ги „пресекле“ потпорните ѕидови што ја поврзуваат зградата, а потоа со контролирани експлозии срушиле една половина од зградата, односно само една страна од неа.

За да не ги оштетат околните згради тимот за демолирање се одлучил на ваков потег.

Откако ќе биде срушена и другата половина, на таа локација ќе се гради модерен деловен комплекс во кој ќе биде сместен тематски парк, хотел со пет ѕвезди, хипермаркет и деловни простории.

10.04.2014 - 15:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега