Киднаперите на кинеската туристка од Малезија побараа откуп од 11 милиони долари

 

Киднаперите на кинеската туристка од Малезија побараа откуп од над 11 милиони долари за нејзино ослободување, соопштија денеска властите во Куала Лумпур.

- Добивме известување дека киднаперите побарале над 500 милиони филипински пезоси, изјави министерот за внатрешни работи Захид Хамиди.

Според Хамиди е испратена екипа да разговара со т.н. посредник наведува весникот „Дејли стар“.

Членови на екстремистичката група Абу Саиф од Јужните Филипини на 2 април киднапираа 29-годишната Гао Хуа Јуан и 40-годишната филипинска работничка Марси Дајван во близина на брегот на градот Семпорна во малезиската држава Сабах, на островот Борнео

10.04.2014 - 15:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега