Милошоски: Ќе се засилат стопанските дејности во Битолско

 

Во наредниот период во битолскиот крај се очекува засилување на стопанските дејности. Главен акцент се става на отворањето на рудникот за јаглен Живојно, модернизацијата на ТЕЦ Битола и целосната реализација на проектот за топлификација на Битола, Могила и Новаци.

Ова денеска го нагласи пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и носител на листата за пратеници на ВМРО ДПМНЕ во петта изборна единца Антонио Милошоски. 

За време на посетата на Клиничката болницата во Битола, Милошоски разговараше со медицинскиот персонал во врска со новата апаратура и проектите од областа на здравството предвидени во изборната програма.

Носителот на листата за пратеници во ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ  го посети и градскиот пазар во Битола, како и црквата во изградба „Собор на сите македонски светители“ која се наоѓа во населбата Нова Битола.

Милошоски на средбите доби силна поддршка од пензионерите во Битола кои што го изразија своето големо задоволство поради нивната грижа за нив и континуираното зголемување на пензиите.

Според агендата, Милошоски денеска ќе го посети и Демирхисарскиот крај, селото Белче, ќе присуствува и на отворање на нов изборен штаб во Демир Хисар, а ќе ја посети и компанијата „Ксенос“.

Попладнево Милошоски ќе присуствува на митинзите во Демир Хисар и во Битола.

10.04.2014 - 14:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега