Охридските риболовци бараат санација на браната на Слатинското Езеро

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид апелира до надлежните институции во државата да преземат итни мерки за санација на пукнатината од браната на акумулацијата Слатино.

Според Здружението што инаку стопанисува со рибниот фонд во акумулацијата, за изминатиот период по престанокот на обилните дождови нивото на водата во акумулацијата е спуштено за четири до пет метри, што е најблиску до биолошкиот минимум.

Тие предупредуваат дека доколку продолжи истекувањето на водата од пукнатината со овој интензитет за неколку седмици нивото на водата ќе се намали далеку под биолошкиот минимум, што ќе биде сериозна закана по останокот на целокупната флора и фауна во акумулацијата.

- Од 22 февруари кога се појави пукнатината на браната до денеска не е преземено ништо за санирање на истата. Како здружение на риболовци егзистираме и работиме на територија на Општина Охрид и затоа апелираме до локалната самоуправа на Охрид да се вклучи во пронаоѓање на решение за надминување на проблемот со браната, затоа што околу 40 проценти од рекреативните риболовци кои престојуваат како туристи во Охрид одат да се рекреираат и да риболоват на акумулација Слатино“, стои во соопштението од „Свети Апостол Петар“. 

ФОТО: Утрински

најчитано сега