Уште еден косовски Албанец загина во Сирија

Уште еден млад Албанец од Косово е убиен на боиштата во Сирија. Според првичните податоци со кои располага полицијата станува збор за дваесет и двегодишниот Валон Муслиу од селото Тушил, кај Србица.

 - Убиениот потекнува од многу сиромашно семејство и тој и неговите браќа од поодамна одлучиле да пуштат долга брада и да носат пократки панталони. Во Сирија, Валон бил заедно со еден од браќата, кој се уште е таму. Како и на другите убиени Косовци и телото на Валон е погребано во Сирија, пренесува „Коха диторе“.

На боиштата во Сирија против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, неофицијално се борат најмалку 300 Косовци, а животите ги загубиле седумина.

Во Сирија се убиени и четворица Албанци од Македонија. Лани во мај беше убиен 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Тој заминал за Сирија осум месеци пред да биде убиен. Потоа беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху, а во средината на август и Имер Ниметула, алијас Абу Зијат (38) од скопското село Грчец, додека во јануари годинава Алим Османи (22) од Скопје, кој во Сирија заминал лани во јуни.

10.04.2014 - 14:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа