"Му го спасив животот а тој ми го уби семејството" - потресна исповед за најголемиот масакр во Србија

Тагата и болката кои започнаа пред една година со најголемиот масакр во Србија кој го направи Љубиша Богдановиќ, кој рано наутро на 9 април со пиштол усмрти 11 соседи, како и синот Бранко и мајката Добрила, се уште не стивнуваат.

Еден од соседите кој го загубил семејството во масакрот, вели дека ден пред грозоморниот настан му го спасил животот на убиецот.

- Не можам да се помирам со ова. Тагата и болката не престануваат. Останува само да се надеваме дека со нашите најмили ќе се сретнеме на некое подобро место. Ден пред да го изврши масакрот јас му помогнав, му го спасив животот. Спречив да фати соголени жици од невнимание и да го удри струја и да почине, а тој ми го направи ова, вели негов сосед низ солзи.

На гробиштата една година по настанот се појави исопругата на убиецот во која тој пукаше но само тешко ја рани.

- Јаворка еднаш ми пријде и ми рече прости му. Полудев, додава соседот.

За потсетување, Љубиша на 9 април со пиштол си ги уби соседите, мајката и братот, а ја рани и сопругата. На неговиот гроб дојде само сопругата.

10.04.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега