Во ова кафуле "не сакам ништо" чини 0,5 евра!
Верувале или не, во едно кафуле во Подгорица не сакам ништо чини пари! Како што пренесува Вијести, најверојатно е единственото кое во своето мени наплаќа 0,5 евра за ништо.
- „Ќе дојдат десеттина, тројца нарачуваат кафе, а останатите секогаш велат „не сакам ништо. Еден ден разговаравме колегите и заклучивме дека би било супер „не сакам ништо“ да се наплаќа по половина евро“, раскажува келнерот за црногорскиот весник.
И некои ученици сметаат дека ваквиот потег е паметен.
„Доаѓаат по петнаесет ученици, нарачуваат две кафиња и прават гужва во локалот“, велат учениците и додаваат дека келнерите се многу љубезни, дури им исполнуваат и музички желби додека пијат кафе на големиот одмор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа