Кристијан Голубовиќ: Силиконската кралица лажеше за сообраќајката- сакаше моја крв

Шокантната вест дека силиконската кралица Тијана Ѓурчиќ имала тешка сообраќајна несреќа, ги загрижи сите луѓе со добра волја кои ја прочитале оваа информација, а многу од нив биле заинтересирани дали можат да помогнат донирајќи крв од групата нулта, која наводно и била потребна.

Еден српски портал ја проверил оваа информацијата  и се дознало дека  Тијана воопшто не била пријавена ниту во една здравствена установа како и дека полицијата не е информирана за таква сообраќајка. 

Новинарите се упатиле накај нејзиниот дом кој се наоѓа во Белградската населба Звездара, а нејзините комшии кажале дека ја виделе жива и здрава. Комшиите на силиконската кралица на новинарите им раскажале  и  дека пред неколку дена го виделе Кристијан Голубовиќ кој го забележале во друштво на  неговата „екипа“ кога  пристигнале  на посета кај Тијана. Тогаш според  изјавите на „душегрижните комшии“ виделе како Кристијан се обидувал со сила од рацете да и го земе телефонот на Тијана.

 

 

10.04.2014 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега