Милошоски најави повисоки плати и пензии за 21,5 отсто
Вработените во администрацијата и пензионерите ќе добијат зголемени плати и пензии за 21,5 проценти во наредните четири години, истакна Антонио Милошоски, носител на ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Битола.
- Главна порака од тука, од Битола, до јавната администрација, без разлика дали работат во болници, судство, школство, култура, инспекторати, царина, полиција или други управи, е дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата се обврзува во следните четири години да има покачување на платите за администрацијата за 21,5 проценти. Тоа значи околу 5 проценти секоја година, исто како и пензиите. Порастот на пензиите за четири години ќе биде 21,5 проценти, изјави Милошоски.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ продлжува со реализација на програмата, која, како што рече, е проверена. - Луѓето во администрацијата кои ги даваат услугите на граѓаните заслужиле да имаат и ваков поттик, оцени Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа