Вандали рушеле ѕид од црквата „Св.Спас“ на скопско Кале
Засега непознато лице решило да турка ѕид од црквата „Свети Спас“ на скопско Кале, информираат од полицијата.
Детали за случајот сеуште не се соопштуваат, освен дека МВР трага по лицата кои од засега непознати причини го осквернавеле овој божји храм од 18-тиот век.
„Св. Спас“ претставува еден од најзначајните споменици на културата во Скопје.