Не сакал да плати гориво - го влечел пумпашот закачен за автомобилот стотина метри

32 годишен работник на бензинска пумпа во ЗАгреб, Хрватска се здобил со потешки повреди откако ноќеска околу 2:45 часот се уште непознат возач го „закачил за својот автмобил“ и го влечел неколку стотици метри.
Спроед информациите кои ги објавуваат хрватските медиуми, вработениот на пумпата забележал дека возачот наполнил гориво и сакал да замине без да плати. Во тој момент, тој дотрчал до неговиот автомобил и како што изјавил во полиција, некако се закачил за возилото.
Возачот ставил во брзина и тргнал а со себе го влечел работникот до наредната улица, каде тој успеал да се ослободи.
Со повреди на колковите и грбот, работникот итно е префрлен во загрепската болница каде според информациите се наоѓа надвор од животна опасност.

 

 

10.04.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега