Наместо да лежи затвор Даравелски се журка на концерт на Депеш Мод

 

Драган Даравелски слободно се шета низ Белград додека македонското и српското министерство за правда потпишуваат договори за екстрадиција. Гледачи на Канал 5 тврдат дека го виделе Даравелски на концертот на Депеш Мод во Белград.

Даравелски сеуште е во Србија и слободно си учествува на јавни настани? Според информациите на Канал 5, граѓани кои викендов биле на концертот на Депеш Мод во Белград, тврдат дека по зазвршувањето на концертот го забележале екс директорот на Царинската управа. Сведоците велат дека Даравелски исчезнал во метежот кога забележал дека се Македонци и дека се обидуваат да го фотографираат. 

Даравелски со години престојува во Белград благодарение на двојното државјанство. Македонија го бара за одлежување на затворска казна од 7 години поради злоупотреба на службената положба како директор на Царинската управа.

ФОТО: Утрински

најчитано сега