Охрид на нозе двајца панинари се загубија на Галичица
Денеска двајца планинари се изгубија Галичица, јавува Охриднет. Од тимот за спасување во планина на Црвениот крст Охрид за порталот велат неофицијално станува збор за туристи веројатно љубители на планинската авантура.
- Според неофицијалните информации засега едниот е маж од Словенија а жената од Полска, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.
Вечерва тие лично јавиле во полиција дека се изгубени во планината. Екипа од Црвен крст и Центарот за управување со кризи веќе се на терен и преземаат мерки за нивно пронаоѓање. Потрагата е отежната бидејки веќе не се достапни на телефон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа