"Тато сакам да умрам во фустанче со срциња" - последните зборови на малата Анастасија

Србија е завиена во болка и тага по смртта на малата Анастасија Трајковиќ која водеше битка со тешка болест.

- Тато немој да плачеш. Си одам некаде во некоја нова куќа. Таму ќе ме чекаат другарките и нови луѓе, а јас конечно ќе се одморам, биле последните зборови на малото ангелче кое го зави Балканот во црно.

Нејзините родители за српскиот Курир велат дека знаеле дека веќе нема надеж. И малата убавица чуствувала дека ќе почине. Рекла дека сака да биде погребана во убаво фустанче со срциња, па нејзиниот татко го пребарал цел град за да и најде такво.

- Не сакаше да се одвои од нас. Постојано велеше седете тука, дајте ми рака. Постојано велеше колу е часот, како да ги одбројуваше минутите, вели таткото кој е скршен од болка.

Мајката на малата Анастасија е очајна, а нејзините сестри се скршени од болка и не моажат да се соочат со тоа дека неа ја нема. 

За потсетување, малата Анастасија почина од редок облик на тумор, а за неа цел Балкан се крена на нозе.

09.04.2014 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега