Криел марихуана под хаубата - охриѓанец падна во рацете на полицијата

Охриѓанец си заработи кривична пријава бидејќи полицијата во неговото возило пронашла дрога.

Се работи за 27-годишниот Д.Х  кој неовластено набавил и држел за продажба опојна дрога -марихуана, па со своето возило ја пренесувал од Охрид за Битола. Според податоците на МИА, пријавениот вчера бил затекнат од страна на полициски службеници, кои при претрес на возилото во предниот дел под хаубата пронашле две црни најлонски кеси со непозната растителна материја. По вештачењето утврдено е дека се работи за марихуана.
 
На Д.Х. одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена. 

09.04.2014 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега