Се огласи синот на Аркан: Јас знам кој го уби татко ми!

Војин Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан за српскиот Ало изјави дека Слободан Милошевиќ дефинитивно не го убил неговиот татко, туку луѓето блиски до него.

- Од петте најодговорни личности за смртта на мојот татко, можам да кажам дека само една е засега во затвор. Другата беше во затвор, третата е во странство, четвртата се уби, а петтата е во пензија, вели синот на Аркан и додава дека тоа се личности кои му биле блиски соработници и дека Слободан Милошевиќ дефинитивно не го убил неговиот татко.

Војин додава и дека не сака одмазда, туку напротив, сака вистината и правдата да излезат на виделина.

За потсетување, неодаман српските медиуми објавија дека Аркан бил убиен од Слободан Милошевиќ.

 

09.04.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега