Авионска несреќа во Индонезија- двајца загинати и петмина повредени

Две лица загинаа а петмина се повредени откако авион од типот „Цесна“ се урна изутрината во непосредна близина на аеродром во источната индонезиска провинција Папуа.

Според индонезиската новинска агенција Антара, причина за несреќата се силниот ветар и дождот во тоа подрачје.

Пилотот бил државјанин на САД. Повредените патници, католички мисионери, се пренесени во болница и лекарите не ги соопштуваат деталите за нивната состојба.

Аеродромот каде што се случила несреќата е затворен, поради истрага за утврдување на причините на падот на авионот. 

09.04.2014 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега