Температурите паѓаат - спремете се за дожд ветер и грмежи

Во Македонија денеска претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Слаб северозападен ветер, а во западните предели слаб југозападен и западен ветер.  Во доцните попладневни и во вечерните часови ќе дува засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3°C до 11°C, а дневните температури ќе достигнат до 16°C до 25°C.

Во Скопје во среда претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попалдне нестабилно со локални врнежи од дожд. Слаб северозападен ветер кој во доцните попладневни и во вечерните часови ќе се засилува. Утринската температура од 7°C, а дневната температура ќе достигне до 22°C. 

Во текот на ноќта среда спрема четврток и во четврток во утринските часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, а на планинните над 1600 метри со врнежи од снег

09.04.2014 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега