Ја избодела свекрвата со нож па и ставила киселина во устата - хорор го потресе светот

Жена од Колорадо го потресе светот со хоророт кој го направи. Се работи за 29-годишната Елизабет Рајнер која е осудена на 41 година затвор поради грозоморното убиство на нејзината свекрва.

По кратка расправија, девојката ја полила својата свекрва со врела вода, почнала да фрла со предмети кон неа, ја избодела со нож и на крајот и сипувала киселина во носот и устата. Во обид да избега од полицијата по убиството, Елизабет го фрлила своето бебе на полицајците, но за кратко време била фатена.

Било констатирано дека девојката има психички проблеми. Неодамна била хоспитализирана откако "слушнала гласови дека нејзината свекрва че ја повреди и ќе и земе се".

Инаку, откако ја убила свекрвата, телото го ставила под кревет за да не го види нејзниот сопруг. Но, полицијата и го уништила планот бидејќи дошла веднаш откако сосед се пожалил за бука од станот. Тие здогледале крвав кујнски нож и го нашле телото.

 

09.04.2014 - 10:10
Фото: 
спектра

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега