Заборавете на Џони Вокер- Бекам лансираше свое виски

Еден од најпознатите англиски фудбалери Дејвид Бекам го најави пуштањето на свој бренд шкотско виски.

Новото виски ќе го носи името Haig Club, заедно со бизнис партнер, музичкиот продуцент Сајмон Фулер. Пијалокот ќе се продава во темносино шише за околу 65 долари.

На официјалниот сајт на компанијата производител на вискито е објавено дека Бекам и Фулер ќе играат клучна улога во развојот на стратегијата, како и дека ќе треба да привлечат нови корисници. 

 

 

09.04.2014 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа