Поранешниот на Северина- како да му соопштам на синот дека таа има порно снимка?

Познатиот српски бизнисмен Милан Поповиќ проговори за односот со хрватската пејачка Северина. Тој си ја отвори душата и изјави дека срцето му велело оти таа „не е вистинската“, но Северина токму тогаш останала бремена.

- Не мислам дека е грешка што бев со Северина. Немаме право да размислуваме на тој начин. Тоа се тие животни лекции кои мора да ги научиме. Мислам дека многу научив сево ова време. Свесно останав да бидам со Северина и во меѓувреме таа забремени, така што нашата врска се префрли на едно друго ниво – изјави Поповиќ за „Блиц“ и додава дека има внатршни немири и оти се преиспитува.

 

- Од една страна срцето ми вели дека не сакам да бидам со неа, а од друга, имам дете со таа личност. Но, како да му објаснам на синот дека мајка му има домашно порно-снимка? – вели Поповиќ.

09.04.2014 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега