Груевски: Во Заев лежи едно малечко исплашено човече

-Јас сум слушнал други луѓе да викаат тој ќе биде премиер, но човек сам за себе да вика, таков феномен досега не сум слушнал, рече Груевски од говорницата во Кавадарци.

Тој доаде дека на тој начин раководтсвото на СДСМ го потценува народот.

-Тоа е потценување на народот, да избегате од листата и да дојдете да му кажете на народот јас ќе бидам премиер, тоа е мајтап играње со народот, затоа губат на секои избори повеќе. Тој избега од листите и од народот. Недај боже да е на клучна функција и да се соочи со поголем предизвик како премиер кога ќе ја спрашти како метак да бега со богатството од тендерите од Струмица, прашината од брзото бегање само ќе остане зад него, тоа ќе биде Зоран Заев, рече Груевски.

Ако се оцени како психолошки профил викањето на Заев, како што нагласи Груевски, одговорот е дека во тој човек што толку многу вика и се сили лежи едно малечко исплашено човече, сетгнато во грч, ама викањето му е за да го сокрие тој страв во тоа малечкото човече во него исплашено. Тоа е чиста психологија, тој што толку многу вика, се заканува и се сили, во него има едно така стегнато и згужвано мало човече, преплаѓено од страв, се тресе, Тоа е Зоран Заев, посочи Груевски прес кавадарчани.

Според Груевски, доколку Заев вика и се дере, мили дека неговиот страв нема да биде забележан.

-Тој мисли дека со викање се добиваат избори. Абе Заев неможе избори со викање да се добијат, ќе земеа оперски пејач ќе ставеа не тебе, ако беше за викање работата и неможе сам да се прогласуваш за премиер, треба народот д ате гласа, ова е демократија, не е доволно Радмила, Бранко и Стево да ти аплаудираат. Треба да излезеш на листа, треба да покажеш проекти и рпограма, да покажеш историја на твоето работење, да си чесен, да си посветен  и да видат луѓето дека не ги лажеш а не да се дерш и да викаш и да мисли дека со тоа да ја добиеш довербата од граѓаните. Луѓето не се без мозок, тие размилсуваат и гелдаат, ако било со дерење и со викање добивање на изборите, имала Македонија шампиони за таа работа, до сега одамна ќе победеа и ќе ги добие изборите, посочи Груевски.

Тој доаде дека освен што со Радмила Шекеринска што 20 години е на челни позиции и тој  што веќе 9 години е на функција се претсавуваат како нови луѓе, сакаат и со викање да ги добијат изборите.

- Заев сака со викање да ги добие изборите. Тој е единствен во свет кој сам се промовира за премиер. Како што му тргна, кога ќе дојде во понагласена фаза на страв нема да ме чуди да се прогласи во крал.
Си го знаеме ние него, може се да очекуваме од него. Само да не тргне во нечисти сценарија а знаеме дека може да го направи тоа. Беше аболициран од Бранко Црвенковски и така спаси глава од затвор.
Како со Бранко Црвенковски сакаа со сила да влезат во парламент со рушење на уставен поредок. Да го држиме на око. Знаеме и гледаме што прави. Измислиле да пуштат анкета од непостоечка фирма. Излезе анкета каде Пендаровски води. Кажуваат некоја фирма и сакавме да видиме која фирма е. Проверивме во Централен регистар ја нема фирмата. Човек да се дрзне толку да го потцени народот дека нема да примети, тоа е крај. Затоа СДСМ губат на секои избори. Ќе вика до 27 вечерта, а од тогаш штама. Ќе отиде во Струмица, ќе си ја подвитка опашката. И Рада викаше вака, ќе дојде слобода демократија, ќе ве апсиме. На изборите штама. Тоа ќе биде и со Зоран Заев. А ние ќе продолжиме со појако темпо за сите, и за Кавадарци и за Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи... За секој човек во Македонија. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, порача Грувески од Кавадарци.

 

 

09.04.2014 - 00:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега