Груевски во Кавадарци: „Кофикаб“ ќе отвори 150 нови работни места

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во Изборна единица 1, Никола Груевски вечерва пред кавадарчани изјави дека странската инвестиција во Кавадарци „Кофикаб“ ќе отвори 150 нови работни места.

- Предвидено е и очекувме да се изгради фабрика која што доаѓа заедно со Дрексел Мајер, како што пред малку кажав Кофикаб која ќе инвестира 10 милиони евра и ќе отвори 150 нови работни места. Значи, покрај оние 4.500 вработување што ги најави Дрексел Мајер, плус уште 150 во новата фабрика Кофикаб, која веќе започнува да функционира, посочи Груевски.

 

 

08.04.2014 - 23:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа