Неверојатно: Скопјанец падна со 2,3 тона марихуана

Албанската полиција во пристанишниот град Драч, доцна синоќа уапсила македонски државјанин во обид да прошверцува за Италија 2.250 килограми марихуана.

Македонски државјанин А.Н. (41) од Скопје, возач на камион „сканија“ е уапсен во откако во возилото биле откриени 2.250 килограми марихуана. Дрогата била откриeна при рутинска контрола на терминалот, пред возилото да биде натоварено на траектот „Бридге“ кој сообраќал на релација Драч-Бари. Возилото транспортирало мебел.

Според полицијата, дрогата била пакувана во 45 големи вреќи секоја со тежина од по 50 килограми. Возачот А.Н. е во притвор и ќе одговара за недозволена трговија со дрога.

08.04.2014 - 22:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега