Украинскиот Парламент го усвои предлог законот за амнестија
Украинскиот Парламент денеска го усвои предлог закон за амнестија, според кој на слобода ќе излезат околу 25 илјади граѓани, секој петти затвореник во земјата, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според усвоениот предлог закон ослободени ќе бидат претежно лица, осудени за ситни престапи, од политички причини или за дела поврзани со претприемничка дејност, соопшти пред новинарите шефот на парламентарната група на партијата „Баткившчина“ Серхеј Соболев.
За предлог-законот гласаа 232 пратеници од неопходните 226 гласа.
08.04.2014 - 19:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа