Гошев: Младите се тие во кои ВМРО-ДПМНЕ верува и на кои ќе им ја остави Македонија

 

Младите се движечка сила и промотор на новите вредности на општеството и државата. Младите се тие во кои ВМРО-ДПМНЕ верува и на кој ќе им ја остави Македонија.

Ова го истакна Славе Гошев на денешната прес конференција на која ги промовираше прокетите псоветени на младите во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за престојните парламентарни избори, потенцирајќи дека програмата „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ предвидува редица проекти за младите.

- Пред неколку години приоритет на програмата на ВМРО-ДПМНЕ беше образованието на младите. Се отворија нови факултети во градовите и се отворија нови училишта. Преку проект на Владата на ВМРО-ДПМНЕ  Струмица стана академски град.  Денес, неколку години по успешните мерки пред нас се наметнува други предизвици и приоритет на унапредување на стандардот на младите, посочи Гошев.

Тој потенцираше дека новата програма на ВМРО-ДПМНЕ планира мерки во кои младите полесно ќе може да се вработат.

- Во програмата Проверено, акцентот е ставен на вработување на младите преку проектот „Ослободување на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување на младите лица до 27 години”, додаде Гошев.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи е и  проектот  „Прва шанса“ кој предвидува надомест од 13.000 денари месечно во првите три месеци од вработувањето на млади.

- Во наредниот период пролжуваме со проектот самовработување, проект кој го користат  многу млади струмичани, а кој ќе продолжи и во иднина. Предвидено е субвенционирање на стопански субјекти кој ќе вработуваат млади лица, практиканство на млади лица во фирмите и волонтирање во текот на летото на младите лица во јавни институции. Младите  слободните работни мести ќе можат да ги следат на веб- сајтот прв.мк, посочи Гошев.

Додаде и дека со овие проекти се решава  најболното прашање на младите по завршувањето на образованието.

- Нашата програма покрај вработувањето на млади ќе стави акцент и на здравиот физички развој на младите лица. Програмата Проверено на ВМРО-ДПМНЕ за младите во Струмица доколку општината  ги даде потребните одобренија за градба ќе направи 4 тениски игралишта, ќе направи игралиште за фудбал со вештачка трева и две повеќенамески маалски игралишта.  Токму поради тоа младите знаат да препознаат кој вистински се грижи за нивната иднина и умеат да направат разлика, порача Гошев.

Гошев ги повика младите од Струмица да ја подржат политиката на ВМРО-ДПМНЕ за нивната иднина и на 27 април да го дадат својот глас за број 5 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

 

08.04.2014 - 18:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега