Кандидатот на ГРОМ Поповски на средба со жителите од Ѓорче Петров и Сарај

 

Зоран Поповски кандидатот за претседател на ГРОМ денеска претпладнево оствари средба со жителите од скопските села Кондово, Долно Свиларе, Рашче и Шишево, каде им порача дека доколку ја добие битката за претседател ќе го актуелизира проблемот со сиромаштијата и невработеноста кој како што рече е најголемиот заеднички непријател на сите.

- Токму ова чувствително прашање треба да го актуелизира претседателот на Република Македонија како мегафон и во име на граѓаните на земјава, истакна Поповски. 

Претседателскиот кандидат на ГРОМ направи полчасовна обиколка на пазарчето Тафталиџе, каде што со производителите и продавачите размени мислење околу проблемите со кои се соочуваат пазарџиите и потребите што ги имаат околу покривањето на пазарчето.

Во Злокуќани, на улиците 22 и 3, Поповски на локалните жители им го честита Меѓународниот ден на Ромите и ги запозна со чекорите кои тој може да ги преземе како претседател на Македонија. Покрај тоа, тој оствари средби и со граѓани на Волково и на Ѓорче Петров.

08.04.2014 - 16:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега