На која возраст се најсреќни луѓето?
Според едно неодамна спроведено истражување, луѓето се најсреќни и исполнети во 50-тите години од животот.
Според истражувањето, ова е период од животот кога луѓето се најсреќни и исполнети и имаат помалку стресови од вообичаено.
Кога се помлади, луѓето иако почесто се смеат понекогаш имаат лажна насмевка, а на оваа возраст насмевката е од се срце. Тоа се должи на помалиот стрес и на мудроста која ја имаат во овој период.
Според истражувањето, стресот во претходните години од животот се случува најмногу поради работата.