Конференција посветена на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност
Денеска во Скопје ќе се одржи Меѓународна конференција на тема „Искуствата од имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со инвалидност“. Конференцијата е организирана од Министерството за труд и социјална политика и Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Република Македонија
На конференцијата, како што е најавено, ќе се обрати државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Муедин Кахвеџи.