„UN Woman“ денеска промовираше проект за родова еднаквост во Ѓорче Петров

 

Денеска во општината Ѓорче Петров се одржа проект на „UN Woman“ за промоција на родово одговорни политички и буџетирања во Југоисточна Европа. 

Градоначалникот Сокол Митровски оствари средба со претставници од Канцеларијата на „UN Woman“, од Министерството за труд и социјална политика и со претседателот на Комисијата за еднакви можности во Советот на Ѓорче Петров.

- Проектот има за цел да ги зајакне механизмите за имплементација на локалните и националните стратешки документи во областа на родовата еднаквост и родово одговорно буџетирање, како што се Стратегијата за родова еднаквост, Стратегијата за родово одговорно буџетирање и Законот за еднакви можности на жените и мажите, информира општина Ѓорче Петров. 

На состанокот, како што се наведува,  бил нагласен успехот и добрите пракси на општинската администрација во воспоставување дијалог со граѓаните, посебно со најранливите категории.           

Новата фаза од проектот ќе трае три години и ќе се реализира со финансиска поддршка на Австриската развојна агенција и Швајцарската агенција за соработка и развој. 

08.04.2014 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега