Легализирани хомосексуалните бракови во Велика Британија?
Британските пратеници го поддржаа вчера законот, со кој се дозволуваат еднополовите бракови.
За законот гласаа 366 пратеници, а „против“ законот гласаа 161.
Нацрт-законот денеска треба да биде разгледан во Горниот дом на Парламентот, Домот на лордовите, а конечната одлука ќе биде донесена на почетокот на јуни.