ФОТО: Дали ова е доказ дека постои темна материја?
Темната енергија сочинува околу 80% од универзумот и се чини дека е асоцирана со вакуумот во просторот. Таа е распоредена рамномерно низ универзумот, не само во просторот туку и во времето – со други зборови, нејзините ефекти не се разредени како што универзумот се шири. Новите истражувања со кои се користени телескопите на Ферми претставува досега најдобар сигнал на темната материја, наведува Дан Хопер, асистент на американската меѓународна лабароторија Ферми.
Хопер и неговиот тим верува дека сигналот на прикажаната фотографија е направен од друг спектар, резултат помеѓу судир на честиците на темната материја, пренесува Дејли Маил. Сигналот покажува екстремно високо гама зрачење, како резултат на тој судир во средината на на нашата галаксија.
Доколку се открие и потврди дека ова е токму тоа, ќе мораат да се поставуваат некои нови и тешки прашања околу темната материја. Имено, сите веруваат дека темната материја е некаква хипотетичка честичка именувана како WINP, односно масовна честичка со слаба интеракција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа