Провокација или грешка: Европарламентот ја претстави Софија со слики од Скопје

 

Европскиот парламент користи фотографии од Скопје за реклама на главниот град на Бугарија, Софија. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел. Фотографија од аеродромот „Александар Велики” во Скопје може да се види во центарот за посетители на Европарламентот во краток филм посветен на Софија, што го пренесоа и англискиот угледен медиум „Индепендент”, како и бугарскиот интернет-сајт „Новините”.

Приказната презентирана во филмот започнува со протестите од 1997 година што го потресоа главниот град на нашиот источен сосед и продолжува со подоцнежните години на транзиција и движењето на Бугарија кон пазарна економија во земјата. Филмот на ЕП, сепак, не успева во најавата за преставување на Терминалот 2 на аеродромот Софија и наместо тоа на фотографијата се наоѓа скопскиот аеродром „Александар Велики”. Но, тука не завршува преставувањето на македонски субјекти во рамки на филмот за „бугарските знаменитости”, па во филмот е преставен и мост и реклама на завршен инфраструктурен проект исто така од Скопје, главниот град на Македонија.

Претставници на Европарламентот, во изјава за „Индепендент” објасниле дека „грешката” со преставување на делови од Скопје и Македонија во филм за „знаменитостите на Бугарија” се резултат на „финансиски причини”, што резултирало „со користење на архивски фотографии за филмот, како и за други видеа за претставување на други европски градови. Поставувањето на фотографии од Скопје во видео за Софија се опишува како „грешка” и од ЕП ветуваат дека истото ќе го поправат што е можно поскоро.

Приказната за оваа, се чини нова бугарска провокација кон Македонија на угледниот британски медиум „Индепендент” може да се види на следниот линк: http://www.independent.mk/articles/3415.

08.04.2014 - 14:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега