Милошоски во Кичево: Инвестициите ќе отворат нови работни места
Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Петтата изборна единица, Антонио Милошоски, денеска беше во работна посета на Кичево каде истакна дека во последниве 50 години не се случило во Кичево да има одеднаш објавено шест огласи за работни места благодарение на законот којшто по предлог на Владата го изгласа Собранието за изградба на автопатот Кичево – Охрид и Требеништа – Струга.
Милошески истакна дека се очекуваат и уште 400 вработувања со доделувањето на концесии за Стогово и за Тајмиште, како и нови вработувања со изградбата на хидроелектричната централа „Бошков мост“ и со инвестицијата на американската компанија „КСС“.
- „Бошков мост“, хидроелектричната централа ќе почне да се гради во текот на годинава. Она што е најважно за кичевчани, по многу затворени фабрики во периодот на транзицијата, е отворањето на странската инвестиција на американската компанија „КСС“ кои ќе почнат со 300 вработувања, а ќе стигнат до 750 вработени, нагласи Милошоски.
Исткна дека очекува довербата да биде оправдана и дека ова се добри вести за Кичево и за целиот регион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа