Тодоров: Намалено ДДВ за добиточна храна - поддршка за домашното производство
Намалувањето на ДДВ за добиточна храна од 18 на 5 отсто, што го ветува ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма за предвремените парламентарни избори, ќе помогне на многу земјоделски компании, индивидуални земјоделци и генерално на целата македонска економија. Ова денеска го оцени Никола Тодоров, при денешната посета на земјоделскиот комбинат „Вардар“ во Градско.
Според Тодоров, една од причините за големиот увоз на месо и млечни производи во Македонија е токму скапата добиточна храна.
- Очекуваме дека со намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5 проценти сериозно ќе се помогне на овој индустриски сектор и ќе се супституира извозот со поголемо домашно производство, рече Тодоров и додаде дека со тоа македонската економија ќе остане поголем износ на средства, што е можност и за извоз во поголеми количини месо и млечни производи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа