Го убила сопругот, го исекла на делови и со часови ги варела во лонец - хорор го потресе светот
Полицијата во Чиле се соменва во Росана Адрес Валдес дека во саботата го убила својот сопруг. Според информациите на полицијата, наводно бесната жена изгубила контрола кога открила дека нејзиниот 44- годишен сопруг Клаудио Адрес Муноз украл 9.000 долари од касата во која си ја чувала својата заштеда.
По расправијата 38- годишната Росана го застрелала во белите дробови, мртвото тело го искасапела на делови со кујниски нож, а потоа ги ставила во лонц да се варат неколку часа.
Подоцна, сварените делови од телтот ги „спремила’ во палстични кеси и ги ставила во автомобил.
Набрзо 38- годишната сопруга се пријавила во полиција каде го признала убиството, според полицијата тоа само по себе не е доволно и случајот ќе биде истражуван.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа